+389 XX XXX XXX Пон–Пет: 08:00–16:00 info@ocnakliniка.mk

Симптоми на очни заболувања кај деца

Симптоми на очни заболувања кај деца

Видот е еден од најважните сетила за развојот на детето. Сепак, многу деца не можат да го опишат проблемот со своите очи – едноставно затоа што не знаат дека нешто не е во ред. Токму затоа улогата на родителите е огромна: да забележат знаци на проблеми навреме и да побараат стручна помош.

Зошто е важно раното откривање?

Визуелниот систем на детето се развива интензивно во текот на првите 8 години од животот. Доколку во тој период постои некоригиран проблем со видот, мозокот може трајно да "научи" да игнорира слики од едното или двете очи – состојба позната како амблиопија (мрзливо oko).

„Амблиопијата е водечка причина за трајно намален вид кај деца. Доколку се открие пред 7-годишна возраст, успешно се лекува во над 95% од случаите."

Знаци кои треба да ги забележат родителите

Знаци кај доенчиња (0–12 месеци)

Знаци кај деца во предучилишна возраст (2–6 години)

Знаци кај деца во училишна возраст (7+ години)

Најчести очни проблеми кај деца

  1. Миопија (кратковидост) – Детето јасно гледа на близина, но нејасно на далечина. Се јавува сè почесто, особено поради зголемено користење на екрани.
  2. Хиперметропија (далековидост) – Честа причина за главоболки по читање.
  3. Астигматизам – Нејасна слика на сите оддалечености.
  4. Страбизам (гледање на страна) – Очите не се порамнети. Бара итна интервенција.
  5. Амблиопија (мрзливо oko) – Намален вид на едното oko поради недоволна стимулација во детскиот период.

Кога и колку често треба да се прегледа детето?

Препорачаниот распоред за превентивни прегледи е:

Нашата клиника нуди специјализирана педијатриска офталмологија со пристап прилагоден на деца од сите возрасти. Нашите лекари се обучени за работа со деца на начин кој е безбеден, нежен и без стрес.


Претходен Исхрана и здравје на видот